
Проекти на ЕВРОТЕК - ИНЖЕНЕРИНГ
Друштвото, од неговото постоење до денес учествуваше директно или индиректно во проектирањето и изведувањето на многубројни јавни и индивидуални објекти. Изработуваше технички решенија и проекти во објектите на Министерството за детска заштита - градинките во Република Македонија, а во некои учествуваше и како изведувач. Со истиот целосен ангажман, друштвото учествуваше и при санацијата и реконструкцијата на многуте објекти и тоа : социјални, пензионерски и старачки домови и тоа со свои технички решенија во повеќето објекти низ Р.Македонија.
Друштвото својот удел го има дадено и во изработката на техничките решенија за изведување на станбени објекти, индивидуални куќи, фабрички хали, надворешни и внатрешни инсталации, водоводни системи и друго. Со истото учество, но со пооптимални технички решенија, друштвото има учествувано и во изградбата и санацијата на многуте училишта, установи и други деловни објекти. Во досегашниот приод соработката беше проширена и со повеќе хуманитарни организации и асоцијации од Европската заедница и светот и тоа:
Со американската фондација ЦРС за поправка и санација на:
- детските домови
- одморалишта
- домови за бегалци
- специјалните училишта
- домови за ретардирани и хендикепирани лица низ републиката каде постојат со свои технички решенија за подобрување на условите на живеење
Во соработка како проектант и надзор со француската хуманитарна организација Екилибар друштвото учествуваше при санирањето на повеќе објекти, а од оние кои можат да се набројат се следните:
- Специјалниот завод за рехабилитација на деца и младинси во Демир Капија
- Депандансот Демир Капија
- Специјалниот завод за ниска ретардација во Скопје
- Душевната болница-Бардовци во Скопје
- Комплекс болници Демир Капија
- Извршена е успешна поправка и реконструкција на системите за греење во 90 основни училишта во Р.Македонија
Во соработка со Хуманитарната асоцијација Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) Скопје, ЕВРОТЕК- ИНЖЕНЕРИНГ учествуваше во реконструкцијата и изведувањето на објектите, во некои како проектант и надзор, а во некои и како изведувач. Програмата на асоцијацијата беше и сеуште е:
- Поправка и реконструкција на специјални домови
- Санација и довод на геотермална вода топла вода за заштеда на енергија
- Изградба на довод и питка вода (системи за водовод и резервоари-потопни пумпи) во сушните населби во Р.Македонија.
Преку хуманитарната организација МЦМС Скопје, ЕВРОТЕК-ИНЖЕНЕРИНГ има изведувано покрај споменатите објекти и работи од машинската инсталација за потребите на Х.О. Хомос-Скопје, во бараките на сопственото седиште. Во целосното реконструирање од техничко решение до завршување ЕВРОТЕК - ИНЖЕНЕРИНГ учествуваше во работните простории на Х.А. МЦМС.
Во досегашните работи друштвото соработуваше и изведуваше неколку објекти и со италијанската хуманитарна организација Г.В.Ц. Скопје и тоа на:
- Санација и реконструкција на училишни домови
- интернати
- стационарни болници низ Р.Македониа.
Друштвото учествуваше и во вршење надзор при изградба на болницата против рак во Геријатрија - Скопје, а инвеститор е Сју Рајдер - англиска фондација.
Исто така извршена е и санација на објектот 117 во касарна "ИЛИНДЕН" - Скопје, понатаму санација на објектот на Заводот за вработување во населбата Козле - Скопје, санација на многу училишни објекти и тоа :
Градинки : Д.Г. "Весели цветови"-Скопје, Д.Г. "Кочо Рацин" и др.;
Основни училишта : О.У. "Кочо Рацин"-Блатец, О.У."Прпарими"-с. Г. Речица-Тетово, О.У."Никола Парапунов"-с.Трсино-Виница, О.У."Даме Груев"-с.Ерџелија, О.У."Крсте Мисирков"-Скопје, О.У." Цветан Димов"-Скопје, О.У."Партение Зографски"-Скопје и др.;
Гимназии : Д.С.У. "Кирил Пејчиновиќ"-Тетово;
Во соработка со Италијанската амбасада извршена е санација на одделението за дијализа во Државната болница-Скопје и сл., како и изведувањето на многу приватни објекти и санација на новите или веќе постојните објекти.
Содржината на успешно завршените работи е многу поголема и неможат сите да се споменат, но истите ќе останат како дело на скромното работење на ЕВРОТЕК - ИНЖЕНЕРИНГ - Скопје, кое продолжува и понатаму да гради и да остварува видливи дела.
 |